Маск воведува твитови од 4.000 карактери, подолгите ќе добиваат опција „покажи повеќе“
Промената на максималното ограничување на знаците е дел од многу поширокиот „ремонт“ на корисничкиот интерфејс на Twitter, кој се најавува во наредните месеци.
Извршниот директор на „Твитер“ Илон Маск потврди дека следниот месец лимитот на знаци ќе биде поместен од 280 на 4.000.
Прво предложена во декември, промената е само дел од поголем „ремонт“ на социјалната платформа, што американскиот милијардер сака да го спроведе во наредните месеци.
Зголемувањето на должината на „твитовите“ е само втор пат кога се менува лимитот на знаци. Последен пат, во 2017 година, беше преместена од 140 на 280 знаци.
Маск објасни дека подолгите „твитови“ ќе го добијат истиот простор како и сите други, но дека ќе имаат опција „покажи повеќе“.
Easy swipe right/left to move between recommended vs followed tweets rolls out later this week.
First part of a much larger UI overhaul.
Bookmark button (de facto silent like) on Tweet details rolls out a week later.
Long form tweets early Feb.
— Elon Musk (@elonmusk) January 8, 2023
Општата ревизија на интерфејсот ќе ја вклучи можноста за „лизгање“ помеѓу предложените пораки и твитови од луѓето што ги следите, како и опција за „обележување“.
„Ќе додадеме и едноставни опции за форматирање како задебелени и подвлечени и големина на фонтот на крајот на кварталот“, дополни Маск.