Пред само два дена глутница улични кучиња нападнаа жена во Струга во непосредна близина до градскиот пазар. За немилиот настан сведочеше локвакрв на местото каде таа била нападната.
Активистот и бизнисмен Роберт Милески вчера објави дека од глутница кучиња било нападнато и 14 годишно дете. Тој ги повика членовите на Анима Мунди да вдомат по едно улично куче.
„Вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга - локва крв од искасапена жена од глутница крволочни кучиња!
Да не е полошо, вечерва нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете.
Се молат членовите на Анима Мунди да дојдат во Струга и да вдомат по едно улично куче, како што направив јас, наместо само да паламудат кога жртвите се кучиња“, стои во објавата.