Приведен стружанец, агресивно се однесувал кон татко му и ја оштетил покуќнината
Полициски службеници од ОВР Струга вчера го лишиле од слобода 49-годишен стружанец по пријава за семејно насилство.На 7 септември во 16 часот било пријавено дека М.Д. во семејниот дом агресивно се однесувал кон својот татко и оштетил дел од покуќнината.Полицијата го привела М.Д., а по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија | пред 5 дена