Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Судот во Струга му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Основниот суд во Струга му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреби поврзани со јавни набавки во РЕК „Битола“.

Информацијата ја потврди претседателот на Основниот суд во Струга, судијата Вулнет Винца.

„Пасошот на обвинетиот Борче Марковски му е вратен со одлука на судот бидејќи приложил гаранција во вредност од над пет милиони евра. Според законот, не може истовремено да има гаранција во имот и да му биде одземен пасошот. Или едното или другото“, изјавил Винца.

— реклама —

На Марковски и на уште осум лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, во постапка поврзана со тендер вреден над 1,7 милиони евра.

Покрај Марковски, обвинети се и петмина вработени во РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата компанија.

— реклама —

Меѓу обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, кому веќе му се суди и во Основниот суд во Битола во друг предмет поврзан со тендерот за ископ на јаловина со битолската компанија „Рудкоп“.

— реклама —

Судската постапка првично започна во Основниот суд во Битола, а потоа беше целосно префрлена во Основниот суд во Струга.

Според претседателот на судот, следното рочиште во предметот е закажано за 2 септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Куќа, станови, булдожери и милионска гаранција дал конзулот Марковски и се спаси од притвор

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Со имот како гаранција, Борче Марковски излезе од притвор

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryr5dbb352foa4fUU9OdK

Многу кеш, сефови, имот, станови, камиони, милиони: кој е Борче Марковски – човекот зад „Марковски компани“

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања