Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Куќа, станови, булдожери и милионска гаранција дал конзулот Марковски и се спаси од притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Кривичниот совет од Основниот суд Битола соопшти дека му ја укина мерката притвор на Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Тој е еден од осумте обвинети за злоупотреба на тендерот за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј” во рудниците на РЕК „Битола“ вреден 1,7 милиони евра.

Според судот, гаранцијата е во износ од 4 937 317 евра, или речиси трипати повисока од евентуалната имотна корист“.

— реклама —

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор.

На 16 јануари годинава, Кривичниот совет при Основниот суд Битола одржал седница на која ја прифатил жалбата на обвинетиот – прифатил да се определи гаранција од 4,9 милиони евра во движен и недвижен имот, да се укине мерката притвор и да се определат мерки на претпазливост – привремено одземање на пасошот и забрана за издавање нов, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основниот суд Битола.

— реклама —

Марковски заедно со уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.

Неговата компанија е основана во 2002 година а во 2024 година остварила приходи од над 45 милиони евра.„Марковски Компани“ со години добивала огромни договори во РЕК Битола, ископ на јаглен, јаловина, одржување и механизација. Најголемиот тендер во 2023 година беше вреден рекордни 46 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 1 месец

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 1 месец

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања