ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга известува дека, по анализа на примероците од 04.03.2026 година, е утврдено зголемување на матноста на водата во изворот „Шум“, поради што водата од овој извор и натаму не е безбедна за пиење.
„Ве известуваме дека, од резултатите од анализата на примероците од вода од 04.03.2026 година од страна на Центарот за јавно здравје - Охрид, утврдено е дека матноста на водата во водоводната мрежа во Струга е во граница на нормала, но има зголемување на вредноста на матност на водата во изворот „Шум“ и поради оваа причина забраната за употреба на вода за пиење продолжува.
Ве известуваме дека сите граѓани ќе можат да се снабдуваат со вода за пиење од цистерни на следните локации и времиња:
Општа Болница Струга – улица „Ристо Крле“, од 09:00 до 12:00 часот
Градски пазар, од 12:00 до 15:00 часот
Плоштад на Револуција – улица „Маршал Тито“, од 15:00 до 18:00 часот“, велат од претпријатието