Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

Сопственикот на „Апартмани Шабан Адемоски“ од струшкото село Подгорци јавно реагираше откако добил фактура од Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) во износ од 16.650 денари.

— реклама —

На социјалните мрежи тој објави фотографии од фактурата и писмото што ги добил од ЗАМП, прашувајќи по кој основ треба да плати авторски надомест.

— реклама —

„Кој може да ми објасни? Веројатно и тие ме следат што го пратат овој профил. Кои авторски права ги имам користено? Кое е тоа здружение за наплата, што сакаат – и за петлите наутро да почнат да наплаќаат? Јас сум јавна личност и дали некој приметил дека го кршам правото на некој автор? Нека ми се јави авторот, веднаш ќе го избришам засекогаш“, напиша Адемоски.

Според документите што ги објави, фактурата е издадена за период од шест месеци и се однесува на авторски надомест за јавно соопштување на музички дела, согласно Законот за авторското право и сродните права и тарифникот на ЗАМП.

— реклама —
media-library9mtkr4l8almu2y18ztR

Во дописот до Адемоски, ЗАМП наведува дека фактурата е доставена за „измирување на авторски надомест за јавно соопштување на авторски музички дела“ и бара обврската да биде подмирена во законски определениот рок.

— реклама —

Засега нема официјална реакција од ЗАМП по објавата на Адемоски. Доколку добиеме нивен став, истиот ќе биде објавен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5qlrqriqfq0f4W5sFCf

(Видео) Музичка вечер на Црн Дрим во организација на „Соларис“ и Europe House

Македонија | пред 3 седмици

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 4 месеци

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Македонија | пред 4 месеци

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања