„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

На аукција ќе се продава „Аудито на Мерко“, почетна цена 21.800 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryrp40vlceu5q5bKQYhhR

Општина Струга на 16.03.2026 во 10:00 часот на e-stvari.mk ќе одржи електронска аукција за продажба на Audi A6, со почетна цена 1.344.636 денари (околу 21.800 евра). Огласот е објавен и во Службен весник. Средствата од продажбата на „виралниот“ службен автомобил ќе се насочат за набавка на комбе за потребите на општинската администрација и спортските клубови. Општината демантира дека проценката е под пазарната цена и ги повикува заинтересираните да учествуваат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6 со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра.

— реклама —

Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk.

Конечно, многу коментираниот автомобил на поранешниот градоначалник на Општина Струга ќе им се врати на граѓаните на Струга.

Преку продажбата на ова возило, кое стана вирално во медиумите во земјата и пошироко како автомобилот „со волан од змиска кожа“ или како „убавата кола“, овој подвижен имот ќе се претвори во финансиска ликвидност во буџетот на Општина Струга.

Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот.

Општина Струга ги информира сите граѓани на Струга и пошироко дека на 16.03.2026 година, со почеток во 10:00 часот, на интернет страницата e-stvari.mk, ќе се одржи аукција за продажба на возилото, автомобил тип Audi, модел A6.

Огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило, преку електронска аукција (прва објава), веќе е објавен и во Службен весник.

Почетната вредност за наддавање на аукцијата за ова возило, според проценката на овластен експерт, изнесува 1.344.636,00 денари, односно околу 21.800 евра.

Градоначалникот на Општина Струга, г. Менди Ќура, од првиот ден од преземањето на функцијата, ниту еднаш не ги користел автомобилите од возниот парк на Општина Струга, со цел максимална рационализација на високите трошоци создадени низ годините.

Воедно, ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги демантираме невистинитите информации објавени претходно во јавноста, кои тврдеа дека почетната проценка на возилото е под пазарната цена.

Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат на соодветната аукција.

На аукцијата ќе бидат објавени сите информации за возилото, како и потребните упатства за аплицирање.

Во продолжение ќе бидат објавени и деталните спецификации на возилото, како и соодветната документација, велат од Општина Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Се продава службеното „ауди“ на Мерко

Македонија | пред 1 месец

merko

Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

Македонија | пред 8 месеци

258

Луксузното „Ауди“ не беше доволно – Мерко ослободен од вина

Македонија | пред 8 месеци

merko

Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот - сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања