Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Се продава службеното „ауди“ на Мерко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба.

— реклама —

Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот на Општина Струга.

— реклама —

- Општина Струга не планира набавка на службено возило за градоначалникот. Како што е јавно соопштено, во текот на целиот мандат градоначалникот ќе користи сопствено приватно возило, а сите трошоци поврзани со неговото користење ќе ги покрива лично. Наместо луксузно возило, Општина Струга ќе набави функционално комбе, во служба на општинската администрација, спортските клубови и градските активности, стои во информацијата.

— реклама —

Минимизирањето на трошоците на градоначалникот и на администрацијата на Општина Струга, според соопштението, е јасен приоритет на градоначалникот Ќура.

Против поранешниот градоначалник на Општина Струга се водеше судски процес за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, а Судот во Струга донесе ослободителна пресуда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Не може да се продаде службеното „ауди“ кое го купи Мерко за Струга

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrp40vlceu5q5bKQYhhR

На аукција ќе се продава „Аудито на Мерко“, почетна цена 21.800 евра

Македонија | пред 2 седмици

merko

Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

Македонија | пред 9 месеци

258

Луксузното „Ауди“ не беше доволно – Мерко ослободен од вина

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања