Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Не може да се продаде службеното „ауди“ кое го купи Мерко за Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Не може да се реализира продажбата на службениот автомобил „ауди А6“ на Општина Струга, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, поради извршна постапка поврзана со стар долг на општината.

— реклама —

Од Општина Струга информираат дека постапката е попречена поради долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради камати и пресметки што се вршат од 2018 година, долгот во моментов изнесува околу три милиони денари.

Средствата од продажбата на возилото требаше да бидат наменети за набавка на комбе што ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби.

— реклама —

Од општината посочуваат дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни за да се надмине проблемот и процесот да се заврши во интерес на граѓаните.

Службеното „ауди А6“ беше купено за 67.000 евра во периодот кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко. Набавката предизвика јавна дебата бидејќи возилото беше купено во време кога општината имала блокирана сметка. Против Мерко беше водена судска постапка, но Основниот суд во Струга утврди дека нема вина за набавката на возилото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrp40vlceu5q5bKQYhhR

На аукција ќе се продава „Аудито на Мерко“, почетна цена 21.800 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Се продава службеното „ауди“ на Мерко

Македонија | пред 1 месец

merko

Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

Македонија | пред 8 месеци

258

Луксузното „Ауди“ не беше доволно – Мерко ослободен од вина

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања