Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library4nrdaggd4qkn38SS4QA

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Струга.

— реклама —

 „Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана се разбира во рамките на нашите можности и ресурси тоа што можеме да го направиме го правиме исклучиво и за интересот на граѓаните. Јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, ќе го повторам и сега, чуда не се возможни, сите оние коишто ветуваат чуда не ја говорат вистината ние не сме чудотворци, но ќе дадеме се од себе во спортски жаргон да се изразам, ќе го оставиме срцето на терен за да граѓаните добијат поквалитетен живот и да го подобриме нивниот живот, тоа е нашата инспирација и затоа сме посветени максимално.

— реклама —

Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, коишто дел од своето менаџерско искуство го пренесува во својата работа овдека во Општина Струга, да се заблагодарам на колегите од Владата што се денеска тука со мене, да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Струга кои се борат за проект повеќе овдека за Струга и генерално за охридското крајбрежје.

— реклама —

Јас сум убеден дека со политиките на Владата, Струга е препознаена и Струга ќе биде еден од нашите главни приоритети во годините коишто доаѓаат.

Благодарам на сите коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, благодарност на администрацијата којашто помага сето ова да се операционализира, функционира и благодарност најголема до граѓаните на Струга коишто имаат трпение и коишто веруваат дека оваа Влада може да направи нешто повеќе за нив и нивните семејства, а ние како Влада даваме збор дека ќе сториме се што е во наша моќ да го испорачаме сето она коешто сме го ветувале и нема да застанеме тука, ќе се обидеме и проект повеќе да испорачаме, да го подобриме проектот повеќе на животот на граѓаните на Општина Струга“, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 3 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања