Тетовци во понеделник на протест за доктор Бобан, обвинет за страшниот пожар во модуларната болница
Од
Објавено на
Во понеделник – 16.01.2023 година, со почеток од 09.00 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, а заради (не)правдата кон др. Бобан Вучевски.
„Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте.
Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден“, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.