Свет

Торнадо и невреме во Алабама, има мртви

Најмалку шест лица загинаа во невремето и торнада што вчера го погодија центарот на Алабама, изјави гувернерот на Алабама Кеј Ајви.

„Моите молитви се со семејствата на починатите. Сите сме премногу запознаени со времето што предизвикува хаос, но нашите луѓе се издржливи. Ќе го преживееме ова и ќе бидеме уште посилни“, додаде Ајви, според Ројтерс.

Вчера гувернерот прогласи вонредна состојба во шесте области на Алабама кои беа најтешко погодени од невремето. Областите за кои станува збор се Отаго, Чемберс, Куза, Далас, Елмор и Талапуса.

Силните ветрови и обилните дождови оштетија домови и прекинаа струја во десетици илјади домови во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама.

Повеќе од 250 летови од меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта и меѓународниот аеродром Шарлот Даглас во Даглас беа откажани или одложени.

На почеток