Македонија

Приведени 11 лица кои биле фатени со дрога

На 13.01.2023 во 23.00 часот на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н.(26) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.01.2023 во 21.55 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Л.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.01.2023 во 18.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.М.(49), Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), сите од Велес. Во близина на угостителски објект на Автобуската станица во Велес, полициски службеници службеници го затекнале Т.М. при продажба на амфетамин на Д.Ѓ. и М.Т., а подоцна во угостителскиот објект, откако ги забележал полициските службеници, Т.М. голтнал две пакувања со амфетамин. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.01.2023 во 20.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(27) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (14.01.2023) во 02.00 часот на ул„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле одслобода Х.Р.(29) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.01.2023 во 12.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Б.П.М.(33) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (14.01.2023) во 02.10 часот во објект на ул.„Партизанска“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги привеле Х.К.(27) од Штип и А.М.(21) од с.Калиште, пробиштипско. При преглед кај нив, кај Х.К. биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја, додека кај А.М. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.01.2023 во 12.30 часот во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода М.Т.(24) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, гранки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток