Македонија

За неполни 24 часа имало шест тепачки

На 13.01.2023 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект на ул.„Благоја Стефковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.С.(46) и И.М.(42)-женско лице, двајцата од Скопје, при што И.М. употребила и тврд предмет. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.01.2023 во 00.10 часот во СВР Скопје, С.З.(32) од Скопје пријавила дека околу 00.05 часот пред угостителски објект на бул.„АСНОМ“ била физички нападната од Н.К. – женско лице од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.01.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на 12.01.2023 во угостителски објект во Кичево, Х.Л. од Кичево бил физички нападнат од Н.Л. од Кичево. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.01.2023 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кондово, скопско, Р.Р.(80) од с.Кондово бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.01.2023 во 18.00 часот во СВР Штип, Д.М.(18) од Штип пријавил дека околу 17.30 часот на ул.„Пролетерска“ во Штип бил физички нападнат од С.Д. од Штип. Се работи на расчистување на случајот.

На 13.01.2023 во 20.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.М. од Велес затоа што околу 19.00 часот во угостителски објект во Велес физички го нападнал З.К. од Велес. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток