Скопје

(ВИДЕО) Реконструирани три спортски игралишта во парк шумата Гази Баба

ЈП Улици и Патишта по налог на градот Скопје целосно ги реконструираше спортските игралишта во парк шумата „Гази Баба“.

„Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка се реконструирани за првпат по неколку децении, а партерно се уредува и зазеленува и теренот околу игралиштата.

Истовремено, екипи на Комунална Хигиена Скопје заедно со екипи на ЈП „Улици и Патишта“ во заедничка акција подигнаа големи количини отпад и шут од парк шумата „Гази Баба“, а инспекторатот на град Скопје активно делува во општината со цел санкционирање на загадувачи.

Граѓаните кои живеат на овој дел од градот Скопје, добиваат уште едно катче за спорт и рекреација“, се вели во соопштението.

На почеток