Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил обави статус во кој реагираше на тоа што ниту еден албанец не го осуди коментаторот на МТВ 2.
“Не пишувам демагогии, соживот, меѓуетничка толеранција, бла бла бла… Се обидувам да пишувам за сликата зад платното, а таа не е убава. Простете ако грешам, но освен Нора Шаќири од јавните личности не видов друг албанец да го осуди коментаторот на МТВ2. Тоа е реалноста. Се друго е демагогија и јадење бурек со праз. Што ако беше обратно? Македонскиот коментатор да викнеше: Играчот со број тој и тој му даде гол на Симан од корнер. Сите албанци во сите партии ќе рипнеа против тој коментатор. Соживотот постои само во вашите партиски брошурчиња. Нигде на друго место. Размислете за ова. Сите до еден. И македонците. Се продолжи ли вака, Босна ќе биде вагинален чад за она што ќе се случува овде. Јас не можам да мразам друг народ, тоа е глупо. Видовме тоа до што донесе во Југославија. Затоа мора да има осуди и казни за лудаците во медиумите кои се задоени со омраза”, напиша Тасевски на Фејсбук