Македонија

СДСМ: Се зголемува бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид

Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски потпишаа Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии со што се обезбедени евтини летови во наредните три години, велат од СДСМ.

„Финансиската поддршка што ја обезбедува Владата е 312 милиони денари или околу пет милиони евра до 2022 година, а покрај досегашните релации, се воведуваат уште 8 нови линии, 4 од скопскиот и 4 линии од охридскиот аеродром.

Покрај зголемениот број на авиолинии, се зголемува и бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид.

Со овој Договор, издиша уште еден балон на лаги на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто лажно тврдеше дека граѓаните ќе останат без евтини летови, и ширеше неоснована паника дека ниту една авиокомпанија нема да биде заинтересирана да обезбеди евтини летови.

Лажната вест на антинародното ВМРО-ДПМНЕ пропадна. Не само што се укинати евтините летови, туку се обезбебедени 8 нови дестинации.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на спроведување на мерките што се во интерес на државата и сите нејзини граѓани“, се наведува во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток