Македонија

(ВИДЕО) Фатмир Лимани објави видео од имотот на Али Ахмети: Со чии пари е купен

Фатмир Лимани, поранешен сопартиец, внук на Али Ахмети, а сега потпретседател нa Беса, преку видео и објава на Фејсбук го прикажува имотот на лидерот на ДУИ и прашува на чие име и со чии пари се купени дузина куќи, објекти и парцели.

Тој го прашува Ахмети дали мислел дека вечно ќе молчи за луксузниот имот на лидерот на ДУИ. Лимани прашува со чии пари и на чие име е седиштето во Тетово, партискиот штаб во Чаир во Скопје, вилата во заливот Лалез, хидроцентралите на реката Бачиште, каде и колку парцели се купени во Голем, парцелите околу „сарајот“ на Ахмети.

Воедно Лимани прашува каде се исчезнати четири милиони евра од фондот на ОНА, кои според него не биле потрошени во конфликтот од 2001 година.

На почеток