Македонија

Фатен гостиварчанец кој избегал од затворот Идризово

На 14.01.2019 година околу 13.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода го лишиле Ф.Р.(47) од село Речане, гостиварско, по кого од ноември 2018 година, поради бегство од затвор, била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.

Ф.Р. бил приведен во Полициската станица Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправниот дом „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток