Македонија

Супервештачењето ја откри причината за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

Еден од главните заклучоци на супервештачењето за сообраќајката кај Ласкарци, во која животот го загубија 16 патници, е дека системот за кочење во автобусот на „Дурмо Турс“ не бил активиран.

Па така според ова, роднините на жртвите тврдат дека вештачењето е нарачано со, според нив, една главна цел – да се исклучи вината на сопственикот на автобуската компанија.

Автобуската несреќа со 16 жртви и 37 повредени се случи на 13 февруари 2019 година кога автобус на „Дурмо турс“, кој возеше на редовна линија Скопје-Гостивар, излета од автопатот во близина на селото Ласкарци.

Обвинети во овој судски процес се шест лица. Покрај возачот, на обвинителна клупа седат сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело.

На почеток