Македонија

Внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога

Муса Ахмети, внукот на Али Ахмети приведен за трговија со дрога, објави Алфа.

Како што јавува телевизијата, тој пред извесен период се вратил од Косово каде бил некое време. А по доаѓањето во Македонија бил фатен со дрога.

Телевизијата барала од МВР одговори со име и презиме, дали Кичево бил уапсен Муса Ахмети, но Министерството ги навело само иницијалите.

-На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело… известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријава… против М. А. од Зајас, се вели во одговорот од МВР.

На почеток