Македонија

Годинава ја започнавме со ново задолжување од 11,4 милиони евра

По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници е закажана за денеска. На продажба се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари. Инаку во првиот месец годинава по основ на продадени државни хартии од вредност државата треба да раздолжи безмалку две милијарди денари, обајави фактор.мк.

Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изајви дека од годинава ќе се намали темпото со кое државата се задолжува дома, па наместо секоја недела или четири пати месечно, аукции на државни обврзници ќе има на две недели.

Со задолжување дома, ама и во странство Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.

Текстот во цалост на: фактор.мк

На почеток