Денес променливо облачно и студено
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/08/IMG_4715.jpg)
Променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Утринската температурата во земјава ќе биде од -6 степени на Попова Шапка до 1 степен во Гевгелија. Дневните температури ќе се искачат околу 5 степен, сепак на планините и понатаму околу или под нулата, додека максималната највисока се очекува повторно во Гевгелија и ќе достигне 6 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 5 степени Целзиусови.
Слично време не очекува и во понеделник. Наутро студено, преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат под нулата насекаде во земајва, а дневните околу петтиот степен.
Во Скопје исто така променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
И во следните денови не очекува студено време, особено во утринските часови, кога температурите ќе се спуштат до минус 7 степени.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)