Џенифер Анистон и Џулија Робертс ќе глумат во нова комедија
Џенифер Анистон и Џулија Робертс наскоро ќе се појават заедно во нова комедија. Филмот е сè уште ненасловен, а режисер е Макс Барбаков.
По успехот на последниот филм со Џулија и Џорџ Клуни, романтичната комедија „Билет за рајот“ (Ticket to Paradise), не е чудо што бројни студија се борат за претстојната комедија. Инаку, Џулија и Џенифер, и двете среде шестото десетлетие од својот живот, првпат соработуваа во епизода од втората сезона на комичната серија „Пријатели“, а во 2016 година глумеа во филмот „Денот на мајката“.
Во меѓувреме, Џенифер неодамна го заврши снимањето на акционата комедија „Мистериозно убиство 2″ (Murder Mystery 2) – продолжение на Нетфликс-хитот од 2019 година со Адам Сендлер во главната улога. Филмов излегува на стрим-сервисот на 31 март.