Магазин

(ВИДЕО) Памела Андерсон ја раскажа својата животна приказна

Со свои зборови, со приватни видеоснимки и моменти запишани во својот дневник, актерката Памела Андерсон ја раскажа приказната за својот пат до славата, љубовните врски и за секс-скандалот.

Во документарецот Pamela: A Love Story, кој веќе се емитува на „Нетфликс“, актерката ја претстави својата страна на приказната.

Животот на Памела бил турбулентен. Таа била жртва на силување и малтретирање, растела во дисфункционално семејство, имала пет брака, а не ја сакаа ниту медиумите, особено по објавувањето на експлицитната снимка од неа и нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли.

Сакала да оствари сериозна актерска кариера, но, како што кажува во филмот, тоа ѝ било тешко поради интимното видео што ги натера сите да ја гледаат како секс-симбол и да ѝ доделуваат такви улоги.

Минатата година „Хулу“ емитува минисерија Pam & Tommy, која го прикажа нејзиниот брак во периодот кога неовластено излезе фамозното домашно видео.

Таа вели дека повторно била трауматизирана од серијата на „Хулу“.

Речиси една година по оваа минисерија, Памела реши да сподели свое видување на целата ситуација.

Во документарецот актерката чита делови од дневникот што го пишувала во текот на животот, говори за тешкото детство и за проблемите со кои се соочувала во раната младост, за силувањето, за експлицитните снимки со Томи и за неуспешните бракови.

На почеток