Македонија

Денеска слаб локален снег на североистокот од земјата

Денеска слаб локален снег претежно на североистокот од земјата, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, прогнозираат од УХРМ.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури се движат од минус 2 до 4 степни, додека максималните дневни ќе бидат во респонот од 1 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен ветер од северозападен правец и со максимална температура до 9 Целзиусови степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час).

Студеното време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

На почеток