Се преврте рибарски брод, се трага по девет членови на екипажот
Од
Објавено на
Рибарскиот брод се преврте во водите југозападно од јужнокорејскиот брег околу полноќ по локално време, соопштија властите во земјата.
Тројца членови на екипажот биле спасени од брод кој пловел во близина на местото на несреќата, а интензивно се трага по девет членови на екипажот, соопшти јужнокорејската крајбрежна стража, пренесува Ројтерс.
Јужнокорејскиот претседател Џон Сук-јеол им нареди на поморските и цивилните сили да помогнат во потрагата.