„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Хаосот со прославата на Делчев, покажува системска неспособност и дека со Ковачевски и Ахмети државата се распаѓа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли.

Ова ли е заедничкото пријателство со Бугарија за кое СДС и ДУИ говорат. Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции.

— реклама —

Како што се неспособни од власта на Ковачевски и Ахмети во економијата, енергетиката, стопанството, тие се неспособни и во менаџирањето на односите и во секој еден од сегментите водењето на држава.

Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Гоце Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека.

На погрешна патека сме и поради фактот што премиерот на државата Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби со останатата свита како криминалци се прикрадоа на гробот на Делчев далеку од народот кој остана зад барикадите. Тоа е поради фактот што не сакаат соочување со народот. Тоа соочување мора да дојде, и ќе се случи на изборите кои се решение на тоа да престане пропаста на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања