Македонија

Патот од с.Кокино, с.Арбанашко и Дејловце ќе се расчистува утре оти машината е во Скопје

Во Општина Старо Нагоричане патниот правец до с.Кокино е расчистен, додека патниот правец од с.Кокино, с.Арбанашко и Дејловце ќе се расчистува во текот на утрешниот ден со друг тип на машина која треба да пристигне од Скопје.

„Од Фирмата која ги одржува локалните патни правци во Општина Старо Нагоричане не можаат да интервенираат на расчистување на патот во с.Длабочица бидејќи треба прво да се расчисти патните правци Кокино-Арбанашко-Дејловце од страна на Македонијапат Куманово“, информираат од Центарот за управување со кризи.

На почеток