Ердоган: „Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа“
Од
Објавено на
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди јужна Турција, Либан и Сирија.
„Нашите спасувачки екипи веднаш беа испратени во подрачјата погодени од земјотресот. Нашите институции веднаш почнаа со работа. Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала можна штета“, порача Ердоган на Твитер.
Според првичните информации, досега загинале најмалку 300 лица, а речиси 2.000 се повредени.