Македонија

Патниот правец с.Кокино – с.Арбанашко е расчистен и прооден за сите моторни возила

ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека патниот правец с.Кокино – с.Арбанашко е расчистен и е прооден за сите моторни возила.

Во 14: 45 часот Општина Старо Нагоричане известува дека патниот правец од с.Арбанашко до с.Дејловце е прочистен од страна на ДООЕЛ Борас – Куманово (со УЛТА утоварач) и сообраќајот се одвива непречено за сите моторни возила. Со расчистување кон с. Глабочица ќе се продолжи во текот на утрешниот ден.

Групата на граѓани кои беа заглавени вчера во с. Дејловце поради непрооден пат од снежни навеви, веќе се заминати од оваа село со своите моторни возила.

На почеток