Свет

Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес

Бројот на загинати низ Турција и Сирија се искачи на најмалку 2.724 по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ги погоди двете земји, јавува Си-Ен-Ен.

Вкупниот број на повредени се искачи на 13.580, според информациите од различни агенции.

Најмалку 11.119 лица се повредени во Турција и 2.461 лице во Сирија по разорниот земјотрес. Вкупниот број на загинати во Сирија се искачи на 1.073.

На почеток