Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можност за појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од снег на коловозот. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток