Македонија

Млади за Македонија: Двојазичноста повторно не повикува на борба

Здружението „Млади за Македонија“, најавуваат нови протести откако во Службен весник беше објавен Законот за употреба на јазиците. Исто така тие објавија фотографија на Фејсбук и соопштија дека стојат зад фарбањето на Министерството за култура во боите на македонското знаме

„Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!

Млади за Македонија започна како организација која се бори против наметнување на друг јазик на целата територија на Македонија! Нелегалното објавување на промената на името и двојазичноста е акт на кој мораме да реагираме.

Не е време за откажување, време е за нови протести и на масовност против промената на името и двојазичноста.

Двојачизноста не смееме да ја дозволиме“, стои во објавата на Фејсбук.

Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!Млади за Македонија започна како…

Posted by Млади за Македонија – Mladi za Makedonija on Tuesday, January 15, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток