Коментари

Ѓорчев: Пендаровски е позер кој само се слика и тера ПР, а државата му се распаѓа по сите основи

Поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев упати низа остри критики на адреса на претседателот Стево Пендаровски, по веста дека пред две години на починатиот Благојче Илијевски му ветил дека ќе донесе лек за цистична фиброза.

„Имаме прилично бескорисен претседател. Обичен позер кој само се слика и тера ПР, додека државата му пука по сите шевови.

Државата му се распаѓа по СИТЕ основи (економија, иселување, државност), народот умира, а тој со прст НЕ мрда.

Нотар кој само става параф на СИТЕ политики на Заев и Таче.

Умреа 10.000 луѓе од ковид, а тој не најде ниту 1 (една) вакцина. Задолжувањето галопира, доаѓа банкрот, а тој се’ потпишува и молчи.

Пендаровски нема донесено 1 (една) инвестиција. Зихерашки тера “софт” теми, а Македонија тоне и исчезнува.

Тотално бескорисен, изгубен во времето и просторот“, напипша Ѓорчев.

На почеток