Македонија

Се запали куќа во село Пресил, има повредени

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека на ден 11.02.2023 година во период од 03:05 до 08:00 часот интервенирала на запалена куќа во с.Пресил, општина Крушево.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 8 пожарникари со 3 ПП возила.

Во пожарот едно лице се здобило со телесни повреди и истото со амбулантно возило на Итна медицинска помош е пренесено до најблиската здравствена установа.

На почеток