(ФОТО) Сите донираат за Турција и Сирија, само Филхармонија свири за Палестина
Од
Објавено на
Во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, загинаа речиси 24.000 луѓе, а десетици илјади беа повредени.
Македонската филхармонија на социјалните мрежи објави дека музичката вечер им ја посветува на жртвите во катастрофалниот земјотрес.
Но во објавата наместо Сирија, стои Палестина.
„Си беше еднаш една македонска филхармонија. Откако остана без идентитет, остана без памет. Така оди тоа
*ова секако не се однесува на прекрасните музичари“, коментираат на социјалните мрежи.
Подоцна беа направени измени, па Палестина беше заменета со Сирија.