Македонија

Хасани: Ниту ми барале, ниту ме прашале дали ќе поднесам оставка

Функционер од Огнената група на ДУИ кој треба да си замине и да му отстапи место на кадар на Алијнса, вели дека не бил информиран дека треба да си замине од заменичкото столче во Владата.

„Не сум информиран, ниту е побарано да дадам оставка, ниту некој ме прашал за ваквата состојба. Најверојатно, причината за моето разрешување е јасно искажаното незадоволство од првиот вицепремиер Артан Груби. Но, нема да побарам образложение од Ахмети“, изјави за „360 степени“ Башким Хасани, заменик-министер за одбрана.

Хасани е на листата за разрешување во пакет со кадрите на Африм Гаши откако Алтернатива не изгради став во однос на влезот на Алијанса за Албанците во Владата.

За местото на Хасани во одбрана, предложен е Тирон Јајага од Алијанса за Албанците.

Хасани е дел од т.н. „огнена група“ во ДУИ и неговиот потпис стои на списокот на партиски членови кои застанаа зад петицијата против Артан Груби и сè уште активно работат на терен, со цел да го принудат Али Ахмети, како што велат, на внатрепартиски реформи.

Извор: 360 степени

На почеток