Македонија

Пренесувале огревно дрво без лиценца

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ и против Д.А.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во „вршење на јавен превоз без лиценца“.

На 07.07.2022, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“, кое го управувал Ф.С., а сопственост на Д.А., при што било констатирано дека од местото на сеча извршиле превоз на огревно дрво до двајца купувачи без поседување соодветна документација-лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешен патен сообраќај.

На почеток