Доцна синоќа екипи на ЈП Комунална хигиена – Скопје го исчистија плоштадот “Македонија”
Вчера вечер екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната акција за собирање на хуманитарни средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
„Доцна вечерва екипи на ЈП Комунална Хигиена – Скопје целосно го исчистија плоштадот “Македонија” по успешната волонтерска акција за собирање на хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Од плоштадот подигнати се неколку тони материјал кој не беше искористен како хуманитарна помош.
Им благодариме и на волонтерите кои активно се вклучија и во акцијата за чистење на плоштадот “Македонија”“, стои во објавата.