Подигнати борбени авиони во САД и Канада


Во понеделник, 13 февруари, полетаа борбените авиони на Здружената воздушна команда на САД и Канада (НОРАД).
Тие беа подигнати за да ги пресретнат руските стратешки бомбардери Ту-95МС и борбените авиони Су-35, соопшти НОРАД.
„Регионалната единица на НОРАД Алјаска откри, следеше, идентификуваше и пресретна четири руски авиони кои влегуваа и маневрираа во воздушниот простор за идентификација на Алјаска“, се вели на Твитер профилот на НОРАД.
Според соопштението на NORAD, руските авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не го нарушиле американскиот или канадскиот суверенитет.
„Руските активности се одвиваат редовно во таа област и не се сметаат за закана, ниту пак нивната активност е провокативна“, посочија од прес-службата на НОРАД.
НОРАД, исто така, истакнува дека оваа руска воздушна активност „во никој случај не е поврзана со неодамнешните операции на НОРАД и Северната команда на САД во врска со објекти (балони и неидентификувани објекти) над Северна Америка во изминатите две недели.
Претходно во текот на денот руското Министерство за одбрана соопшти дека два авиони Ту-95МС прелетале над неутралните води на Беринговото Море и дека мисијата траела седум часа.
