Македонија

Мисајловски: Ништо нема да се подобри со влегување на Алијанса во владата

Слушнавме од нелегитимниот премиер дека има разрешување но зошто, никој не знае, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.

Мисајловски рече дека со оваа реконструкција нема воопшто да го подобри животот на граѓаните во Македонија.

Дали нешто ќе донесе подобро во овие 10 месеци ако влезе Алијанса, апсолутно ништо. Но се работи за една интересна работа која што ја слушнавме од пратеничката од Алтернатива дека изминатиот период кога се состанувала владата на СДСМ, замислете премиер од друга држава помагал да се состави. И тоа е директно мешање во внатрешните работи на една држава и се поставува прашањето дали од други центри се контролира и самата политика во Македонија, праша тој.

Дали во Македонија подобро? Дали во Македонија оди во подобра насока? Преку 74 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се грижи во погрешна насока и тоа го направија сите политики изминатите години. Дали сите министри што беа подобрија нешто? Не. Дали оваа влада ќе донесе реформи? Не, дециден е Мисајловски.

Мисајловски кажа дека има еден куп изјави од страна на Алијанса на Албанците кога изјавуваа дека ДУИ се канцерот на општеството, а сега кога влегуваат во коалиција со нив, ништо од тоа не им смета.

Кога се збори за криминал многу е важно да се потсети Алијанса, Алтернатива дека секој ден збореа против ДУИ. Има еден куп изјави каде што изјавуваа дека се канцерот, сега тоа воопшто не им смета, додаде тој.

На почеток