Македонија

Милошоски: Новиот министер за здравство е кумашин на Таравари

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница говореше за разрешувањето на актуелниот министер за здравство, Беким Сали.

Притоа, тој упати низа критики кон владејачката партија, затоа што како што потенцираше, за две години имаме три министри за здравство.

„Ние имаме несигурни пациенти и здравствени осигуреници и несигурност кај докторите и здравствените работници. Новиот министер за здравство е кумашин со претседателот на Алијансата за Албанците, а беше и претседател на Управниот одбор на Фондот кога Таравари беше министер за здравство. Ова е клиентелизам. Новиот министер е избор на Таравари, а не на Ковачевски“, рече Милошоски.

На почеток