Магазин

Бојана распали по министерката: Дрско ги пониживте сите автори и изведувачи, мене ми е срам од Вашиве постапки, за Вас лично не знам!

Поп пејачка Бојана Скендеровски со жестока реакција кон министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска откако е намален буџетот за музичкиот бренд Макфест.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

„Министерке…

Јас не знам Вие со која музика растевте,дали од дома Ви кажаа дека “Макфест” е основоположник на македонската поп музика,дека ”Макфест” бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди,кои денес полнат концертни сали,и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив)

Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама,дека “Макфест” произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации,и така се создаваше припадност на еден народ?!

Дали Ви купуваа касети како мала од “Макфест” и Ве учеа дека “Макфест” беше престиж на Југословенско ниво?!

Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?!

Дали сте чуле за традиција?

Дали мислите дека Министерството за култура почнува од Ваше време,и завршува со Вас,дали не мислите дека е премногу дрско да ги понижите сите автори,изведувачи,и цела една фела,која со години вложува во македонската поп култура,која е идентификација и посебност на македонскиот народ….

Наместо да ги понижувате македонските брендови и производи,Вие треба први да ги чувате и помагате!

Мене ми е срам од Вашиве постапки,за Вас лично не знам!

На почеток