Магазин

Гиговска се повлекува од јавната сцена: Наскоро ќе ја видите новата Антониа

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска неодамна ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски ќе станат родители. Талентираната 22-годишна пејачка навистина ужива во својата бременост, но поради новата улога која ја очекува пејачката донесе важна одлука поврзана со нејзината кариера.

„Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа па ќе се затворам во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Кој знае колку ќе ми недостигате. Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните 2 настапи ми се во Куманово и Гевгелија“, објави Гиговска.

На почеток