Македонија

Петрушевски: Ни пратеници од СДС, ниту членови на Влада не се присутни на седницата за реконструкција на влада

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ објави видео од седницата за реконструкција на влада. Тој вели дека на истата нема ниту пратеници од СДСМ, ниту членови на Владата.

„Маричиќ дојди во Собрание да ги слушнеш аргументите на опозицијата.
Во 21:45 нема никој од вашите пратеници, нема никој од вашата Влада.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во сала, но нема со кој да дебатираме.
Очигледно на пратениците од СДС им проработе срамот од дебаклите на Таче, па избегаа од седницата за реконструкција на Владата“, вели Петрушевски.

На почеток