Претседателот на Движење БЕСА, Африм Гаши, придружуван од Генералниот секретар, Скендер Реџепи – Зејди, денес беа во официјална посета на Владата на Република Косово, каде беа пречекани од страна на Вицепремиерот Енвер Хоџај.
„Во текот на оваа средба претседателот на Движење БЕСА, Африм Гаши, го информираше Вицепремиерот Хоџај за најновите настани во земјата, како и за улогата на БЕСА во овој процес, како и за интегративните процеси во земјата, кои заземаат позитивна насока.
Вицепремиерот Енвер Хоџај ја поздрави конструктивната улога на Движењето БЕСА во историските моменти за Македонија, за Албанците кои живеат тука и, воопшто, за регионот.
Двете страни се согласија дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина“, се вели во соопштението.