Македонија

Пријавени 13 тепачки изминатото деноноќие, едно лице со тешки повреди заврши во болница

На 18.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Д.П.(20), Д.Ф.(20), Х.Џ.(21), Н.С.(20) и К.Д.(18), сите од Битола, затоа што околу 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Партизанска” во Битола учествувале во физичка пресметка со И.И.(21) и Л.Ѓ.(21), двајцата од Битола, при што Л.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клинички центар Битола. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.02.2023 во 01.50 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(31) пд Скопје пријавил дека околу 01.30 часот во угостителски објект во склоп на Железничка станица Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на на расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрајето на Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу, А.Л.(25), В.А.(21), Б.А.(25), М.А.(19) и малолетник, сите од Скопје и А.А.(43), С.А.(61) и Џ.А.(58) , сите од с.Сингелиќ, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 11.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека подрачје на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(32) и Л.М.(42), двајцата од Скопје, при што бил употребен и метален предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.02.2023 околу 03.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во угостителски објект во Неготино, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.К.(20) од с.Тимјаник, неготинско и А.С.(22) од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.02.2023 во 04.10 во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека пред угостителски објект во Кавадарци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.А.(23), К.П.(28) и И.Ј.(29), од една страна и Н.И.(28) од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 18.40 часот во СВР Скопје, Ј.С.(64) од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на ул.„Среќко Пужалка“ нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 01.40 часот во Полициската станица Гостивар, А.Р.(37) од Гостивар пријавил дека пред угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од А.Т. и М.„Н“, двајцата од Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.02.2023 во 01.15 часот во СВР Тетово, С.К.(26) од Велес пријавила дека во угостителски објект на автопатот Тетово – Гостивар била физички нападната од М.В. – женско лице од Велес. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.02.2023 во 02.00 часот во СВР Тетово, С.К.(32) од с.Орланце, скопско, пријавил дека околу 01.10 часот пред угостителски објект на автопатот Тетово – Гостивар бил физички нападнат од А.А.(32) од с.Боговиње. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 18.15 часот во Полициската станица Прилеп, М.Ј.(30) од Прилеп пријавил дека околу 17.45 часот во угостителски објект на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ бил физички нападнат од Д.П. од Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 22.30 часот во СВР Битола, Х.В.(22) од Битола пријавил дека околу 18.15 часот на бул. „1 Мај“ бил физички нападнат од Х.Г. од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

На 18.02.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 13.30 часот на ул.„Штипска“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Е.(32) и С.О., двете од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

На почеток