Коментари

Божиновска: Оваа држава убива, а вие сите што седите дома и молчите, додека губиме млади животи, сте соучесници

Ивана Божиновска која беше дел од Шарена револуција на социјалните мрежи објави статус за младиот Игор кој моли за лек.

„Нашиот другар Игор моли средба со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски!!!

Моли за лек!

Оваа држава убива!!! Тивко, полека, убива!!!

Арам да ви се парите земени за “концерти” откажани, за магариња, за патни трошоци!!!

Додека губиме млади животи!!!

А вие сите што седите дома и молчите, додека губиме млади животи, сите вие сте СОУЧЕСНИЦИ во убиството на млади луѓе поради недостиг на лек!!!

Апелирам за улица додека Игор не го добие потребниот лек.

Колку Цветанки треба да нахраниме, да ги облечеме со бунди додека Игорче седи во болнички кревет!!!

Игор не бара милостина. Игор бара лек и работа“, стои во објавата.

На почеток